06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Папата Лав XIV упати молитва до Бога да им помогне на светските лидери да се откажат од војната како средство за решавање на конфликтите. Неговиот апел доаѓа во време кога бомбардирањата на САД и Израел врз Иран траат веќе шести ден, пренесе агенцијата Ројтерс.
„Господи, просветли ги лидерите на народите за да имаат храброст да се откажат од смртоносните планови“, порача поглаварот на Католичката црква во видеообраќање. Тој додаде дека денес верниците се молат за мир во светот, повикувајќи ги народите да се откажат од оружјето и да го изберат патот на дијалогот и дипломатијата.
Папата секој месец објавува видео порака во која ги соопштува своите молитвени намери за тековниот месец. Неговата порака за март е посветена на „разоружување и мир“.
Сѐ уште не е јасно дали оваа порака е директно поврзана со американско-израелската воена кампања против Иран, која предизвика и возвратни напади врз некои земји од Персискиот Залив.
Претходно оваа недела, главниот дипломат на Ватикан предупреди дека нападите на САД и Израел го поткопуваат меѓународното право. Тој нагласи дека државите немаат право да започнуваат „превентивни војни“.
„Ако на државите им се признае правото на ‘превентивна војна’, целиот свет ризикува да изгори“, истакна кардиналот Пјетро Паролин.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

