СВЕТ

Операција Пајажина: Како Украина уништи повеќе од третина од руските бомбардери

02 јуни 2025

• од Гоце Кически

Украина уништи повеќе од третина од руските носачи на проектили во координиран напад со дронови во неделата, спроведен од внатрешноста на руската територија. Како беше планирана „Операција Пајажина“ и како беше спроведена?

Според украинската Служба за безбедност (СБУ), нападот беше насочен кон различни руски аеродроми, оддалечени илјадници километри еден од друг. Погодени се повеќе од 40 авиони, меѓу кои и А-50, Ту-95 и Ту-22 М3, со вкупна штета која надминува 6 милијарди евра.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Операција Пајажина“ постигнала „апсолутно брилијантен резултат“ кој бил „исклучиво изведен од Украина“. Тој додаде дека во нападот биле користени 117 дронови, секој со свој пилот.

„Најинтересното — и тоа можеме веќе јавно да го кажеме — е дека ’канцеларијата‘ на нашата операција на руска територија се наоѓаше веднаш до ФСБ (Федералната служба за безбедност) на Русија, во еден од нивните региони“, рече Зеленски во објава на Телеграм.

Зеленски објасни дека операцијата се подготвувала „една година, шест месеци и девет дена“ и дека сите вклучени украински оперативци биле безбедно повлечени од Русија, иако дејствувале во три различни временски зони.

„Ова беше нашата најдолгорочна операција. Сите наши луѓе беа извлечени навреме од руската територија,“ нагласи тој.

Претседателот му се заблагодари на шефот на СБУ, генерал Васил Малјук, и го повика да открие дел од деталите и резултатите од операцијата. „Се разбира, сè уште не можеме да откриеме сè, но овие украински акции сигурно ќе влезат во учебниците по историја,“ додаде Зеленски.

„Украина се брани и тоа со право — правиме сè за Русија да почувствува дека мора да ја заврши оваа војна. Русија ја почна војната, Русија мора да ја заврши,“ напиша тој.

Што знаеме за „Операција Пајажина“?

Иако СБУ сè уште не открива повеќе детали, украински медиуми, повикувајќи се на извори од СБУ, откриваат дека биле користени дронови FPV, кои биле прошверцувани длабоко во Русија и сокриени во камиони со мобилни куќички.

Покривите на куќичките биле далечински отворани, а дроновите потоа се креваат и напаѓаат руските бомбардери. Гувернерот на Иркутск, Игор Кобзев, потврди дека дроновите кои нападнале воен аеродром во Сибир биле лансирани од камион.

Руските медиуми објавија дека и други напади биле изведени на сличен начин — дронови се издигнуваат од контејнери, додека панелите лежат фрлени на патот. Снимки на социјалните мрежи покажуваат обиди на Руси да ги спречат дроновите качувајќи се на камионите.

Долгогодишни операции на СБУ

„Операција Пајажина“ е само една во низата неконвенционални операции на СБУ. Во октомври 2022, СБУ го погоди Кримскиот мост, симбол на руската анексија на Крим.

Досега, руските бомбардери се сметаа за недостижни цели, бидејќи Москва ги држеше далеку од дострел на украинските оружја. На пример, базата Олeња е во Мурманск, 2.000 км од украинската граница, а базата Белaја во Иркутск е преку 4.000 км од фронтот.

Особено е значаен изборот на оружје. FPV дроновите се евтини и произведени во Украина — чинат неколку стотици евра, додека рускиот радарски авион А-50, кој беше погоден, вреди над 300 милиони евра.

Советникот на Зеленски и поранешен министер за стратешки индустрии, Олександр Камишин, рече дека украинските производители можат да произведуваат над 5 милиони FPV дронови годишно.

Оваа операција уште еднаш ја нагласува решителноста на Украина да ја заштити својата територија и да ја принуди Русија да стави крај на агресијата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени