07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Од 10 април 2026 година започнува целосната примена на новиот систем за влез и излез во земјите на Европската Унија – EES (Entry/Exit System), кој ќе важи и за државјаните на Северна Македонија.
Министерството за внатрешни работи информира дека станува збор за нов, дигитализиран систем кој ќе се применува на надворешните граници на ЕУ и ќе овозможи поефикасна регистрација и контрола на патниците кои патуваат за краткорочен престој од земји што не се членки на Унијата.
Со воведувањето на EES, сите влезови и излези ќе се евидентираат електронски, при што ќе се собираат основни биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија на лицето. Овој систем има за цел побрза идентификација на патниците и поефикасно следење на дозволениот престој, согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“.
Од МВР велат дека Граничната полиција ги презела сите потребни мерки и активности за успешно спроведување на системот, вклучително и техничка и кадровска подготвеност.
„Граничната полиција ќе постапува со зголемено присуство на терен, ќе ја следи состојбата континуирано и ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот, како и за навремено информирање на граѓаните“, соопштуваат од МВР.
Системот е биометриски и ги заменува печатите во пасошите со електронска регистрација. Тој првично беше предвиден да стапи во сила во ноември минатата година, но беше одложен бидејќи некои земји не беа целосно подготвени за негово спроведување.
EES е развиен уште во 2017 година и ќе се применува за околу 60 држави, меѓу кои и земјите од Западен Балкан. Системот ќе важи за влез во ЕУ, како и во земјите од Шенген зоната – Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Биометриските пасоши што ги користат граѓаните на Северна Македонија веќе се усогласени со европските стандарди, што овозможува непречено користење на безвизниот режим.
Сепак, воведувањето на новиот систем предизвикува загриженост кај дел од патниците, поради можноста за создавање гужви и подолги чекања на граничните премини, особено во периоди на зголемен сообраќај.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

