29 мај 2025
• од Гоце Кически
Во светло на сè поагресивната надворешна политика на Русија и нејзината целосна инвазија врз Украина во 2022 година, Северноатлантската алијанса бара значително зголемување на воените капацитети на земјите-членки. Според извештај на агенцијата Ројтерс, НАТО ѝ побара на Германија да обезбеди уште седум бригади, односно околу 40.000 дополнителни војници, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Алијансата.
Овој потег е дел од пошироката стратегија за одбрана и одвраќање, која ја одразува неопходноста за зголемена безбедност на источниот фронт, особено во Балтичкиот регион. Според дипломатски извори, НАТО планира да ја зголеми својата цел од 80 на 120–130 бригади – зголемување од 50 проценти – како одговор на растечката закана што ја претставува режимот на Владимир Путин.
Германија – клучен столб на безбедноста на Европа
Германија, како најсилната економија во Европската Унија и столб на трансатлантската стабилност, веќе има осум активни бригади, а деветтата е во процес на формирање и ќе биде стационирана во Литванија до 2027 година. Иако земјата претходно се обврза да обезбеди десет бригади до 2030, новите безбедносни реалности на европското тло бараат побрза и посеопфатна реакција.
Берлин веќе ги олесни фискалните ограничувања за зголемување на одбранбените трошоци и ја поддржа иницијативата на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на минималниот праг за трошоци за одбрана на 5% од БДП – од кои 3.5% би биле за директна одбрана, а 1.5% за безбедносни потреби. Ова е силна порака дека Германија, заедно со САД и своите европски партнери, е подготвена да преземе водечка улога во гарантирањето на мирот и стабилноста.
Европа ја враќа својата сила и единство
Наспроти реториката на Кремљ и обидите за раздор во европското и евроатлантското единство, земјите од ЕУ и НАТО покажуваат историска сплотеност. Испраќањето на германски тенкови во Литванија и распоредувањето на дополнителни трупи претставуваат не само воена, туку и политичка изјава: Европа нема да молчи пред агресијата.
Според германското министерство за одбрана, 400 германски војници веќе се распоредени во Литванија, а до крајот на годинава нивниот број ќе се зголеми на 500. Обуките и заедничките вежби со литванските сили веќе започнаа, и ќе продолжат со зголемен интензитет.
САД и Европа – заедно, посилни од кога било
Во време кога автократските режими се обидуваат да го поткопаат демократскиот светски поредок, соработката меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави се покажува како непроценлива. Реконструкцијата на американско-европските односи, особено во безбедносниот сектор, ја демонстрира зрелоста и решителноста на Западот да ја брани својата слобода и вредности.
И додека Кремљ се подготвува за потенцијален конфликт со НАТО – како што предупредуваат и германските и литванските власти – Западот се реформира, реармира и обединува. Според претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, регионот има 4 до 5 години за целосна подготовка. Тоа значи дека секој момент е критичен.
Западот е повторно обединет, а НАТО – посилен од кога било. Европа и Америка се враќаат на глобалната сцена не само како економски, туку и како воени и морални сили. Руската агресија ја разбуди решителноста на демократскиот свет: да се брани, да се модернизира и да не дозволи никогаш повторување на темната историја на континентот.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj