10 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Натписот „Боже, чувај ја Бугарија“ повторно ќе се најде на бугарските монети, вклучувајќи ги и идните евромонети, откако Бугарската народна банка го одобри дизајнот. Оваа одлука означува враќање на историски симбол кој првпат се појавил на бугарските монети по Ослободувањето.
Заменик-претседателот на софиското нумизматичко друштво, Стојан Иванов, објаснува дека натписот „Боже, чувај ја Бугарија“ за првпат бил искован на сребрените монети од 1882 година, по формирањето на новата бугарска држава. Тој служел како симбол на желбата за зачувување на татковината.
Професорот Петар Стојанович додава дека овој натпис бил користен како лозунг низ годините, а најпозната е неговата употреба во документот за абдикација на кнезот Александар I, кој го завршил документот со токму овие зборови.
Натписот исчезнал од монетите во 1944 година, по промената на режимот, кога царските симболи биле заменети со грбот на народната република.
Историчарите и колекционерите го поздравуваат враќањето на натписот како позитивен знак. Петар Стојанович истакнува дека овој избор на бугарските власти е „многу правилен“, бидејќи нѐ враќа кон „златните времиња на Бугарија“, кога истиот натпис стоел на златните бугарски левови.
Дополнително, тој потенцира дека ова ќе има и меѓународна димензија: „Нашите монети ќе бидат во оптек низ целиот Европски сојуз и можеш да пиеш кафе во Атина со две бугарски евра или да си купиш сладолед во Лисабон и да прочиташ на монетата „Боже, чувај ја Бугарија.““