01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази сериозна загриженост поради, како што наведува, проширувањето на воената ескалација од страна на Иран и нападите насочени и кон цивилни објекти на територијата на партнерски држави во Заливот. Во соопштение, институцијата оценува дека Техеран носи одговорност за растечката нестабилност во регионот и повикува на итно прекинување на ваквите дејствија.
Според бугарското МНР, меѓународната заедница вложила значителни напори за да го убеди Иран дека не може да се дозволи понатамошен развој на неговата нуклеарна програма, како и, како што се наведува, „обезпокоителното“ производство на ракети. Наместо воздржаност, се вели во реакцијата, Техеран го проширува опсегот на опасната воена ескалација со напади врз земји во регионот.
Софија бара Иран да ги прекине нападите и да ги исполни условите што би овозможиле обновување на дијалогот. Целта, според бугарската дипломатија, е постигнување решение што ќе биде во согласност со очекувањата на меѓународната заедница и со демократските стремежи на иранскиот народ.
Од Министерството нагласуваат дека внимателно ја следат ситуацијата и остануваат ангажирани со партнерите за зачувување на безбедноста и стабилноста во регионот на Заливот.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

