10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Францускиот претседател изјави дека е дојден моментот Европската унија да преземе поодлучни чекори за да ја оспори хегемонијата на американскиот долар на глобалната сцена. Во интервју за весникот „Le Monde“, кое го пренесе агенцијата Ројтерс, тој нагласи дека Унијата има економски капацитет што не го користи доволно.
Според Макрон, ЕУ треба да воведе механизам за заедничко задолжување, како што се еврообврзниците, бидејќи тоа би ја зајакнало финансиската автономија на Европа и би ја намалило зависноста од американската валута. Таквиот инструмент, смета тој, би можел да одигра клучна улога во зацврстувањето на меѓународната позиција на еврото.
Францускиот претседател истакна дека Европската унија е помалку задолжена во споредба со Соединетите Американски Држави и Кина, што ѝ дава дополнителен простор за маневрирање во економската и финансиската политика.
Во услови на сè поинтензивна глобална трка за технолошки инвестиции, Макрон предупреди дека неискористувањето на овој капацитет за заедничко задолжување претставува сериозна стратешка грешка. Според него, Европа мора поактивно да инвестира во иновации и стратешки сектори доколку сака да остане конкурентна и влијателна на светската сцена.
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

