24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот портал „Лупа.бг“ пренесува дека во пресрет на клучната седница на известувачите во Европскиот парламент, закажана за 25 март, се одржала наводна тајна средба на која присуствувале известувачи, лобисти и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.
Според порталот, во фокусот на средбата биле предложените измени во извештајот за Република Северна Македонија, зад кои стои известувачот Томас Вајц. Од фондацијата „Македонија“, чиј претседател Стојанов е цитиран во текстот, се изразува загриженост дека овие измени претставуваат обид за „демонтажа“ на т.н. Француски предлог, кој е основа на преговарачката рамка на земјата со Европската унија.
Во изјавата се наведува дека доколку предложените формулации останат во извештајот, тие би можеле да бидат искористени од Скопје како средство за политички притисок, со цел да се поткопа договорената рамка за преговори, но и да се засили анти-европската и анти-бугарската реторика во земјата.
Особено спорни, според бугарскиот извор, се неколку предлози:
Стојанов во својата изјава поставува и прашање дали Вајц дејствува како лобист на „трети страни од истокот“, кои, како што тврди, имаат интерес од создавање внатрешни кризи и поделби во Европската унија.
Средбата на т.н. „известувачи во сенка“ со Вајц се оценува како клучна, бидејќи токму таму ќе се усогласуваат компромисните амандмани кои подоцна ќе се разгледуваат во Комисијата за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент.
Од бугарска страна предупредуваат дека ваквите иницијативи можат да ја нарушат довербата во европските институции и да создадат преседан во процесот на проширување, преку заобиколување на веќе договорените механизми.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

