11 јуни 2025
• од Гоце Кически
Малку над 100 камиони со хуманитарна помош, меѓу кои брашно и други прехранбени производи, влегле во Појасот Газа преку контролниот пункт „Керем Шалом“, јавува ДПА, повикувајќи се на владината агенција при израелското Министерство за одбрана.
Вкупно 108 камиони биле натоварени со помош од ОН и меѓународни организации. Израелските воени сили изјавија дека ќе продолжат да ја олеснуваат испораката на хуманитарна помош во Газа, но дека ќе се обидат да спречат таа помош да заврши во рацете на организацијата „Хамас“.
Во мај, американската организација „Хуманитарна фондација за Газа“, која е поддржана од Израел и САД, започна да доставува помош во регионот, без посредство на ОН или други меѓународни институции. Израел ја обвинува ОН дека дозволува „Хамас“ да ја присвојува помошта наменета за населението. Невладината организација тврди дека досега испорачала околу 12 милиони пакети со храна во Газа.
Израелските власти соопштија дека само минатата недела во крајбрежниот регион влегле 350 камиони со помош, додека според податоците на ОН, дневната потреба е најмалку 500 до 600 камиони.