14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во ескалација на регионалните тензии, САД и неколку други земји од регионот вечерва му помогнаа на Израел во пресретнувањето на ирански ракети, потврдија два израелски извори за Си-Ен-Ен. Според изворите, поддршката била слична на онаа која Израел ја доби при претходните напади од Иран.
Израелската команда на домашниот фронт соопшти дека цивилите можат да ги напуштат засолништата, но сепак ги повика да останат во близина, поради можно продолжување на нападите.
Во обраќање до иранскиот народ преку видео порака, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека Израел нема конфликт со иранските граѓани, туку со тамошниот режим. Тој повика на освестување кај народот, додавајќи: „Режимот не знае што го погодило, ниту што ќе го погоди. Никогаш не бил послаб.“
Нетанјаху тврди дека израелските сили во изминатиот ден уништиле клучни ирански воени капацитети – меѓу кои и најзначајниот објект за збогатување ураниум, дел од арсеналот на балистички ракети, како и врвни команданти и нуклеарни научници.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, остро реагираше на нападите, оценувајќи дека Иран ги „преминал црвените линии“ со целна насоченост кон цивилно население, и вети „многу висока цена“ за тие дејства.
Од иранска страна, Исламската револуционерна гарда објави дека извршиле напади врз „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“ во Израел, нарекувајќи ја операцијата „Вистинско ветување 3“. Повеќе детали за акцијата се најавени за подоцна.
Ова е уште еден бран од серијата напади започнати во април 2024 година, кога Иран лансираше над 300 проектили, вклучувајќи и над 120 балистички ракети и 170 беспилотни летала кон Израел. Израелската војска тогаш соопшти дека 99% од нив биле успешно пресретнати со помош на воздушната одбрана и сојузничките системи.
Ситуацијата и понатаму останува нестабилна, а меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата.