СВЕТ

Иран призна за тешки оштетувања на нуклеарниот објект во Фордо по нападите на САД

02 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи призна дека бомбардирањата од страна на САД врз клучниот нуклеарен објект во Фордо предизвикале „сериозни и тешки оштетувања“ на постројката. Ова го пренесе агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава на министерот.

„Никој не знае точно што се случило во Фордо. Сепак, она што досега го знаеме е дека постројките се сериозно и тешко оштетени“, изјави Аракчи.

Иранската агенција за атомска енергија во моментов врши проценка и анализа на штетите, а добиениот извештај ќе му биде доставен на владата, додаде тој.

Од друга страна, според информации на „Вашингтон пост“, кои се повикуваат на четворица лица запознаени со доверливи разузнавачки податоци од американската влада, иранските прехванати комуникации се обиделе да го минимизираат обемот на штетите предизвикани од американските удари врз нуклеарната програма на Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите „целосно и тотално ја уништиле“ иранската нуклеарна програма. Сепак, американските власти признаваат дека ќе биде потребно време за целосно да се процени штетата направена од воените напади извршени минатиот викенд.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени