22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне нуклеарните постројки на Иран драматично ја зголеми тензијата на Блискиот Исток. Според експертите, оваа ескалација ја става Техеран пред тежок избор: дали да одговори со дипломатија или да преземе воена одмазда – секоја опција носи сериозни ризици за иднината на иранското раководство и стабилноста на регионот.
Првата опција што стои на маса за Иран е враќање на преговарачката маса. За некои аналитичари, ова би можело да биде можност за спас на режимот и избегнување понатамошна дестабилизација.
„Ова е огромен поттик да се стави крај на војната и да се зачува режимот“, изјави Амос Јадлин, поранешен шеф на израелската воена разузнавачка служба. Тој додава дека Иран може да изрази подготвеност за преговори со услов на нула збогатување на ураниумот – што би бил значителен компромис.
Сепак, Јадлин предупредува дека Иран би можел и да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT), иако неговите технички капацитети за производство на нуклеарна бомба не се очекуваат во наредните година-две. Клучното прашање е: дали тврдата струја во Техеран ќе дозволи дипломатска реакција на американски напад на иранска територија?
Алтернативата е воена одмазда – опција која би можела да го вклучи поширокиот регион и САД во долготраен и комплексен конфликт. Иран веќе неколкупати изјави дека ќе возврати доколку САД ги нападнат неговите нуклеарни капацитети, и тоа не само со директни напади врз американски воени сили, туку и врз интересите на САД во регионот.
Политичкиот аналитичар на CNN, Барак Равид, предупредува дека Иран може да го затвори Ормускиот Теснец – стратешки важна точка низ која минува значителен дел од светското снабдување со нафта. Таков потег би можел драматично да ги зголеми цените на енергенсите и да предизвика глобални економски шокови.
Ова сценарио веќе добива поддршка од тврдата струја во Техеран. Хосеин Шаријатмадари, главен уредник на конзервативниот весник Kayhan и близок советник на врховниот лидер Али Хаменеи, јавно повика на ракетни напади и затворање на Ормускиот Теснец, оценувајќи дека сега е „редот на Иран да одговори“.
Сите опции пред Техеран се ризични и носат долгорочни последици. Аналитичарот Арон Дејвид Милер изјави за CNN дека Хаменеи, кој има 86 години, веројатно нема да остане без реакција, бидејќи неговата крајна цел е зачувување на Исламската револуција и нејзино пренесување на следната генерација на водачи.
„Тој можеби ќе го калибрира одговорот, но не верувам дека ова завршува тука,“ рече Милер.
Во сенка на можно понатамошно влошување, очите на светската јавност остануваат вперени во Техеран – во исчекување на потегот што може да го преобликува регионот и глобалните безбедносни текови.