05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Хрватска наскоро би можела да го врати системот на задолжителна воена служба, по пауза од повеќе од 15 години. Министерот за одбрана, Иван Анушиќ, денеска официјално го претстави планот за повторно воведување на оваа пракса, која беше укината во 2008 година. Новиот модел предвидува обука во траење од два месеци, со месечна нето плата од 1.100 евра за регрутите.
Како што објасни министерот, државата планира преку овој систем да обучува меѓу 800 и 4.000 млади мажи годишно. Измените на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили се веќе во процедура, а ќе следи и јавна консултација пред да се разгледаат во парламентот.
Воената обука ќе се спроведува во касарните во Книн, Слуњ и Пожега. Службата ќе се смета за работно искуство, а работодавачите нема да имаат право да ги отпуштат регрутите за време на нивната обука.
Една од најконтроверзните точки е предлогот оние кои ја отслужиле воената служба да добијат предност при вработување во државната и локалната администрација. Иако ова беше критикувано од дел од опозицијата и здруженијата за човекови права, Владата го претставува како стимул за поголема вклученост на младите.
Жените ќе бидат ослободени од задолжителната служба, но ќе можат доброволно да се пријават. За оние што ќе се повикаат на приговор на совеста, ќе постојат две алтернативи: тримесечен престој во касарни под Министерството за внатрешни работи со плата од 250 евра месечно, или четиримесечна цивилна служба во институции на локалната самоуправа, но без финансиски надомест.
Идејата за враќање на задолжителната воена служба кружи во јавноста од почетокот на 2024 година, најмногу поттикната од министерот Анушиќ и владејачката Хрватска демократска заедница. Сепак, таа не е без контроверзи. Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, неколку пати изјави дека ова прашање бара сериозна и долгорочна дебата, и се противеше на брза имплементација.
Доколку предложените законски измени добијат зелено светло во парламентот, Хрватска би можела да го врати системот на задолжителна воена служба веќе од следната година. Според надлежните, целта е да се зајакне одбранбената подготвеност и да се зацврсти врската меѓу младите генерации и националната безбедност.