12 јуни 2025
• од Гоце Кически
Газа, 12 јуни 2025 година — Најмалку пет палестински хуманитарни работници беа убиени откако автобус на Хуманитарната Фондација на Газа (GHF) беше „брутално нападнат“ од страна на ХАМАС во средата навечер, соопшти американски поддржуваната фондација.
Автобусот пренесувал хуманитарци до место за дистрибуција на помош во близина на јужниот град Кан Јунис. Според изјавата на GHF, покрај петтемина загинати има и повеќе повредени, а се стравува дека некои членови на тимот можеби се земени како заложници.
„Најостро го осудуваме овој гнасен и намерен напад,“ соопшти фондацијата. „Овие беа хуманитарци. Луѓе кои секојдневно ги ризикуваа своите животи за да им помогнат на другите – татковци, браќа, синови и пријатели.“
Израелското министерство за надворешни работи реагираше преку мрежата Х (поранешен Твитер), наведувајќи: „ХАМАС ја користи маката во Газа како оружје — забранува храна, напаѓа спасувачи и ги предава сопствените граѓани.“
Претседателот на GHF, евангелистичкиот свештеник Џони Мур, кој исто така беше советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ги нарече убиствата „апсолутно зло“ и остро ги критикуваше ОН и западните земји за, како што рече, нивниот неуспех да ги осудат убиствата.
„Принципот на непристрасност не значи неутралност. Постојат добро и зло во овој свет. Она што ние го правиме е добро, а она што ХАМАС им го направи на овие Газанци е апсолутно зло,“ напиша Мур на мрежата Х.
Израел и САД тврдат дека новиот систем за испорака на хуманитарна помош е неопходен за да се спречи ХАМАС да ја злоупотребува помошта од традиционалната дистрибуциска шема предводена од ОН. ОН, пак, негираат постоење на систематско пренасочување на помошта од страна на ХАМАС, наведувајќи дека ограничувањата од страна на Израел и хаосот на теренот ја отежнуваат испораката.
Нападот во средата бил извршен од страна на полицијата на ХАМАС, позната како единицата Сахм, која, според ХАМАС, била основана за справување со грабежи. Единицата објави видео со тела на неколку мажи на улица, тврдејќи дека станува збор за борци на милицијата Абу Шабаб кои биле уапсени и погубени поради соработка со Израел. Вистинитоста на снимките и тврдењата не можеше независно да се потврди.
Милицијата Абу Шабаб ги негираше тврдењата дека на видеото се гледаат нивни членови.
GHF почна со работа кон крајот на мај и тврди дека во првата недела од своето делување дистрибуирала повеќе од 7 милиони оброци храна низ појасот Газа.