28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Американскиот сенатор Линдзи Греам јавно изрази силна поддршка за претседателот Доналд Трамп во врска со, како што наведе, планирањето и спроведувањето на операцијата наречена „Epic Fury“.
Во својата изјава, Греам истакна дека операцијата има за цел да ја направи Америка побезбедна и на долг рок попросперитетна. Тој побара божја заштита за сите кои се под команда на претседателот, како и за сојузниците на САД во Израел.
Сенаторот нагласи дека, според него, режимот на ајатолахот во Иран, кој го опиша како „убиствен“, наскоро би можел да престане да постои. Тој оцени дека регионот на Блискиот Исток се наоѓа пред, како што рече, најголемата промена во последните илјада години.
Греам додаде дека веројатноста за обновување на процесот на нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел е исклучително висока доколку дојде до пад на иранскиот режим. Според него, за ова прашање разговарал со клучни актери во регионот, кои се согласиле дека таков развој на настаните би отворил пат за историски напредок кон мир.
Осврнувајќи се на припадниците на вооружените сили кои учествуваат во операцијата, сенаторот им упати поддршка и благодарност. Тој порача дека доколку бидат ранети или загинат, нивната жртва ќе придонесе за побезбеден свет.
Греам оцени дека операцијата е внимателно испланирана, но предупреди дека ќе биде насилна и обемна. Сепак, изрази уверување дека на крајот ќе биде успешна. Според него, крајот на режимот во Иран, кој, како што рече, има „американска крв на своите раце“, е неопходен и целосно оправдан.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

