04 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Грција е многу блиску до воведување забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години. Ова го објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на висок владин извор.
Според информациите, мерката е дел од пошироки напори на европските земји за заштита на малолетниците од штетните влијанија на дигиталните платформи.
Во меѓувреме, Шпанија најави дека планира да воведе забрана за социјалните мрежи за лица под 16 години. Тамошните власти работат на закон со кој раководителите на социјалните платформи би биле лично одговорни за говор на омраза што се појавува на нивните мрежи.
На крајот на јануари, Франција стана првата европска држава што официјално воведе забрана за користење социјални мрежи за деца.
И Обединетото Кралство размислува за можноста да воведе слични рестрикции, следејќи го растечкиот тренд на регулација на онлајн просторот со цел заштита на младите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

