24 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, изјави од Брисел дека Европскиот парламент (ЕП) нема компетенции да се изјаснува за прашања како што се националниот идентитет и јазикот. Тој беше дециден дека „ниту еден обид да се заобиколи консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен“.
Георгиев изрази загриженост поради мешањето на политичари и држави кандидати во работата на ЕП, алудирајќи на изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски. „Сметаме дека ваквото однесување може да има само краткорочен, популистички ефект. Процесот на пристапување кон ЕУ се темели на принципи, вредности и одговорности“, нагласи Георгиев.
Тој истакна дека Европскиот парламент може да донесе извештаи и препораки, но тие немаат правно обврзувачки карактер. Според него, ниту една земја-членка на ЕУ не се откажала од договорениот консензус со Северна Македонија. „Секоја кандидатка за членство во Унијата мора да ги почитува условите поставени од сите земји членки“, додаде тој.
Во своето обраќање, Георгиев ги увери бугарските граѓани дека неговото министерство активно работи за да го поддржи процесот на проширување на ЕУ, но нагласи дека тој мора да се базира на сопствени заслуги.
Покрај прашањата за ЕУ, Георгиев се осврна и на безбедносната состојба на Блискиот Исток, посебно за ситуацијата со Иран. Тој предупреди дека дозволување на Иран да развива воена нуклеарна програма е „крајно опасно“ и потенцираше дека безбедноста на бугарските граѓани во регионот е приоритет за Министерството за надворешни работи.
„Сите сме загрижени од развојот на ситуацијата и повикуваме на деескалација. Констатациите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се алармантни. Наш приоритет останува заштитата на бугарските државјани“, заврши Георгиев.