28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата на Блискиот Исток по започнатата воена ескалација меѓу Израел и Иран. Од таму информираат дека институцијата работи во 24-часовен режим и дека по наредба на министерот е формиран Кризен штаб кој ја координира активноста во услови на зголемена безбедносна неизвесност.
Според официјалното соопштение, бугарското МНР одржува постојан контакт со сите дипломатски мисии на земјата во регионот, како и со меѓународните партнери и сојузници, со цел навремена размена на информации и координација на евентуални мерки.
Властите апелираат до бугарските државјани кои се наоѓаат во регионот да останат смирени и да покажат зголемена претпазливост. Им се препорачува да останат во своите домови, строго да ги почитуваат упатствата на локалните власти и редовно да ги следат информациите објавени на интернет-страниците на бугарските амбасади и на Министерството за надворешни работи.
Посебен апел е упатен до бугарските граѓани во Израел да ги почитуваат безбедносните протоколи при активирање на тревоги и при повици за користење засолништа, во случај на евентуални одмазднички напади врз земјата.
Во соопштението се наведува дека, согласно упатствата на Министерството, вработените во бугарските дипломатски претставништва во регионот и членовите на нивните семејства ги почитуваат сите неопходни мерки за безбедност.
Бугарските власти нагласуваат дека ќе продолжат со внимателно следење на развојот на настаните и ќе информираат дополнително доколку ситуацијата тоа го наложи.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

