11 април 2026
• од Гоце Кически
Бугарска фондација „Македонија“, предводена од Виктор Стојанов, преку социјалните мрежи упати остри критики и директни закани кон македонските власти. Во нивното последно соопштение, тие го обвинуваат државниот врв за „репресија“ врз македонските Бугари и најавуваат радикални чекори како одговор.
Од фондацијата тврдат дека во изминатите неколку недели се соочиле со низа препреки во нивните активности на територијата на Северна Македонија. Според нивните наводи, биле извршени:
Во соопштението со особено остар тон се напаѓа владејачката партија, при што се најавуваат „реципрочни дејствија“ за заштита на нивните интереси.
„Со оглед на непријателските дејствија на владејачките од партијата ДПМНЕ во Скопје, ние ќе преземеме реципрочни и крајно неопходни дејствија за да ги заштитиме нашите иницијативи. За заштита на над 200.000 Бугари таму, ќе направиме сè што е потребно, апсолутно сè“, стои во објавата на фондацијата.
Оваа реторика доаѓа во период на веќе затегнати односи меѓу Скопје и Софија. Фондацијата „Македонија“ и претходно беше мета на критики во македонската јавност поради провокативни активности, кои често се толкуваат како директно мешање во внатрешните работи на државата и нарушување на добрососедските односи.
На крајот од своето обраќање, тие упатија и порака до „обичните Македонци“, ветувајќи им „можност да живеат во правна и слободна држава“, завршувајќи со честитка за претстојните велигденски празници.
Од македонските институции засега нема официјален коментар за овие наводи за незаконски апсења и заплена на опрема.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

