Финска го обновува финансирањето на агенцијата на ОН за палестинските бегалци
Финска ќе продолжи со финансирањето на Палестинската агенција за бегалци (UNRWA), објави денеска финскиот министер за надворешни работи и развој Виле Тавио, пренесе Ројтерс.
„UNRWA го подобрува управувањето со ризикот, што значи спречување и започнување строг мониторинг за недолично однесување, во оваа фаза обезбедувајќи ни задоволителни гаранции да продолжиме со нашата поддршка“, рече Вил Тавио. Дополнително, тој на конференција посочи дека дел од финските средства ќе бидат наменети за управување со ризици.
Потсетуваме дека минатиот месец, шефот на агенцијата, Филипе Лазарини, за РТС изјави дека УНРВА влегува во тешка финансиска криза и е во опасност од колапс.
Неколку земји, вклучително и САД и Велика Британија, го суспендираа финансирањето на УНРВА откако израелските тврдења се појавија дека 12 од 13.000 вработени на агенцијата во Газа биле вмешани во нападот на Хамас на 7 октомври.
Меѓу земјите кои го вратија своето финансирање на УНРВА се и Канада, Австралија и Шведска. Неколку земји од Персискиот залив, како Саудиска Арабија, го зголемија финансирањето.