16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Европска комисија ги отфрли сите предлози доставени од земјите од Западен Балкан во обид да се најде компромис околу ограничувањето на престојот на товарните превозници од регионот во земјите од Шенген-зоната. Како што објави Вијести од Подгорица, ваквиот став на Брисел може да доведе до нов бран протести и блокади на граничните премини и пристаништата.
Според информациите, претставниците на земјите од регионот предложиле повеќе решенија со цел да се олесни работата на професионалните возачи. Меѓу нив биле:
Сепак, од Европската комисија било порачано дека ниту еден од предлозите не е усогласен со шенгенските правила. На прашањето што е нивниот алтернативен предлог, одговорот бил јасен – превозниците мора да се прилагодат на правилото 90/180, односно максимум 90 дена престој во период од 180 дена.
Како единствена можност, претставниците на Комисијата предложиле превозниците да аплицираат за национални визи од одделни земји-членки на ЕУ за престој подолг од 90 дена во конкретна држава.
Превозниците возвратиле дека ваквото решение би довело до одлив на работна сила, бидејќи возачите со добиени визи би можеле да се вработат кај европски компании. Дополнително, тие предупредиле дека би морале да ги преселат своите компании и да ги регистрираат во земјите-членки на ЕУ – процес што е долг, административно сложен и неизвесен, а воедно би ги направил директна конкуренција на локалните превозници.
Според изворот на „Вијести“, претставниците на Европската комисија останале на своите ставови без дополнителен коментар на овие забелешки.
Претседателот на работната група од ЕУ закажа нов состанок за две недели, но превозниците предупредуваат дека времето истекува. Според нив, постапката за евентуално решение би траела со години, додека новите правила стапуваат во сила веќе на почетокот на април.
Од април, превозниците од Западен Балкан ќе можат да престојуваат и работат во ЕУ максимум 90 дена во период од 180 дена. Тие проценуваат дека, со оглед на времето поминато во чекање на граници и административни процедури, реално ќе можат да работат најмногу десет дена месечно.
Според нив, тоа ќе ги направи неконкурентни во однос на европските компании и може да доведе до сериозни економски последици за транспортниот сектор во регионот. Поради тоа, во наредните денови се очекува договор за нова форма на протест, вклучително и можни блокади на граничните премини и пристаништата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

