28 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „Куба е следна“ за време на говор на инвестициски форум во Мајами, нагласувајќи ги, како што ги опиша, успесите на американските воени активности во регионот, пренесува Reuters.
Иако Трамп не даде конкретни детали за тоа какви чекори би можеле да следуваат, неговата изјава предизвика сериозна загриженост за можни идни потези на Вашингтон кон островската држава. Во последните години, американскиот претседател повеќепати истакнуваше дека смета оти владата во Хавана е на работ на колапс, особено поради длабоката економска криза со која се соочува земјата.
Во својот говор, Трамп рече дека САД располагаат со „силна армија“ која, според него, ретко треба да се користи, но понекогаш е неопходна. „Ја изградив оваа голема армија... Куба е следна, патем. Но, правете се дека не сум го кажал тоа“, изјави тој, додавајќи доза на неодреденост околу сериозноста на својата изјава.
Од друга страна, кубинскиот претседател Мигел Дијас-Канел потврди дека се водат разговори со САД, со цел да се избегне евентуална воена конфронтација. Според него, дијалогот е клучен во момент кога земјата се соочува со сериозни економски предизвици.
Кубанската економија е под силен притисок, особено поради прекините во снабдувањето со нафта, која е клучна за функционирањето на електроцентралите и транспортот. До неодамна, голем дел од овие потреби ги покриваше Венецуела, но по промената на власта во Каракас и зголемениот притисок од Вашингтон, испораките беа прекинати.
Претходно оваа година, по соборувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, новата влада ја преиспита својата енергетска политика кон Куба, што дополнително ја продлабочи кризата на островот.
Во март, Трамп веќе навести дека Куба би можела да биде цел на, како што рече, „пријателско преземање“, но истовремено остави отворена можност дека тоа „може и да не биде пријателско“.
Овие изјави доаѓаат во време на зголемени геополитички тензии и отвораат прашања за идниот правец на американската надворешна политика кон Латинска Америка, како и за стабилноста на регионот во целина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

