01 март 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот дипломат Николај Младенов, генерален директор на Одборот за мир предводен од САД, објави порака на социјалните мрежи со информации за безбедносната состојба во Обединетите Арапски Емирати по последните напади.
Според неговата објава, Министерството за одбрана соопштило дека од почетокот на иранскиот напад, воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана успешно пресретнале и уништиле 137 балистички ракети и 209 беспилотни летала насочени кон земјата.
Од вкупно 137 ракети, 132 биле соборени, а пет паднале во морето. Од 209 дронови, 195 биле пресретнати, додека 14 паднале на територијата на државата или во водите, при што биле предизвикани мали споредни штети.
Младенов наведува дека паднатите остатоци предизвикале минимални материјални оштетувања на неколку цивилни објекти. Според него, властите реагирале веднаш, локациите биле обезбедени и безбедноста на граѓаните е гарантирана според највисоки стандарди.
Во пораката се оценува дека нападот бил непровоциран и претставува грубо кршење на суверенитетот и на меѓународното право. Се додава дека станува збор за чин што го загрозува мирот во регионот и дека државите имаат право да ја бранат својата територија и своите граѓани со сите потребни средства.
Младенов истакнува дека ситуацијата во моментов е мирна, а населението е дисциплинирано и смирено. Тој нагласува дека безбедноста останува апсолутен приоритет.
На крајот, тој повика јавноста да се информира исклучиво од официјални извори и да не подлегнува на гласини, заблагодарувајќи се за поддршката и разбирањето.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

