18 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот пратеник и претседател на Комисијата за Бугарите во странство при Народното собрание на Бугарија, Стојан Таслаков, се обрати од собраниската говорница во врска со настанот во кој, како што наведе, пред неколку недели во трговски објект во Скопје бил извршен физички и вербален напад врз Владимир Перев.
Таслаков изјави дека, според неговите зборови, станува збор за „вознемирувачки и неприфатлив чин на агресија“ врз, како што го опиша, еден од најавторитетните претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија – новинар, јавна личност и долгогодишен бранител на бугарскиот идентитет.
Тој наведе дека осумдесетгодишниот Перев, познат по својот професионализам и посветеност кон вистината, бил жртва на физичко и вербално насилство, придружено со закани, поради неговата јавно декларирана националност.
Според Таслаков, нападот не претставува само повреда на личното достоинство на Перев, туку и повреда на правото на самоопределување, слободата на говорот и основните човекови вредности.
„Најостро го осудуваме овој чин на непријателство, нетолеранција и кршење на човековите права“, изјави Таслаков, додавајќи дека актите на насилство мотивирани од етничка или национална омраза, според него, немаат место во кое било демократско општество.
Во своето обраќање, тој нагласи дека заштитата на правата и достоинството на бугарските заедници во странство, според неговите зборови, не е само политичка обврска, туку и морална должност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

