20 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарската пратеничка Елисавета Белобрадова денеска, по повод празникот Илинден, објави емотивен текст на својот официјален фејсбук-профил, во кој од Банско – „срцето на Пиринска Македонија“ – го одбележа големиот историски настан со длабока почит кон учесниците во Илинденското востание.
„Денес е Илинден и сум во Банско, во срцето на Пиринска Македонија, на свеченост по повод овој голем празник“, напиша Белобрадова.
Во објавата таа потсети дека востанието започнало токму на овој ден во Битолскиот револуционерен округ, каде било и најмасовно, а потоа се проширило и во Одринска Тракија и Серовскиот округ. Белобрадова нагласи дека востанието било заедничка борба на Бугарите од цела Македонија и Одринска Тракија, обединети како еден народ под знамето на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација – ВМОРО.
Особено внимание ѝ посвети на четата на Радон Тодев, војвода од Банско, кој заедно со своите 70 соборци се жртвувал за да го спаси цивилното население. Вечерта пред последната битка, четата била „опеана жива“ во црквата во Банско, свесна дека утредента тргнува кон сигурна смрт во одбрана на своите сонародници.
Според Белобрадова, денеска за првпат во Банско се одржала историска реконструкција на оваа епопеја, со автентични облеки и оружје од тоа време, внимателно подготвена според записи на учесници во настаните. Таа го опиша настанот како „исклучително родољубиво“ и важно за зачувување на историската меморија.
„Вечна слава на сите херои што ги дале своите животи за слободата на Бугарија и своите сонародници!“, заврши таа во својата објава.
Костова: Народот тоне во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со очајни економски резултати