28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарската банка за развој (ББР) се приклучи кон новата европска финансиска иницијатива „EastInvest Financing Facility“ („Инвестиции на Исток“)“, дел од пошироките напори на Европска комисија за зајакнување на економската стабилност во земјите од Европската унија што граничат со Русија, Белорусија и Украина.
Иницијативата има за цел да овозможи полесен пристап до финансирање и да помогне во надминување на економските и инфраструктурните предизвици што произлегуваат од војната во Украина, како и да ја забрза интеграцијата на овие земји во внатрешниот пазар на Унијата.
Програмата беше официјално најавена од претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен. На настанот учествуваа претседателката на Надзорниот совет на ББР, Дељана Иванова, и извршниот директор Цанко Арабаджиев.
Новата европска програма е насочена кон девет земји: Бугарија, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Таа се реализира во партнерство со водечки меѓународни финансиски институции, меѓу кои:
Во рамки на иницијативата „EastInvest“ се предвидува мобилизирање до 28 милијарди евра јавни и приватни инвестиции во деветте држави. Средствата ќе бидат насочени кон:
Претседателката на Надзорниот совет, Дељана Иванова, истакна дека учеството во иницијативата ја потврдува улогата на Бугарската банка за развој како сигурен партнер во спроведувањето на европските финансиски механизми за поддршка на економската стабилност, инвестициите и регионалниот развој.
Извршниот директор Цанко Арабаджиев додаде дека вклучувањето на ББР во финансискиот механизам на Европската комисија е во согласност со мисијата на банката – поддршка на малите и средни претпријатија и проекти со висока додадена вредност за бугарската економија.
Со оваа иницијатива, Бугарија дополнително ја зацврстува својата позиција како активен учесник во европските механизми за економска отпорност и долгорочен развој.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

