09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарската армија веќе располага со значителна количина лесни беспилотни летала (дронови), кои се користат на водско и четно ниво. Ова го соопшти генерал Дејан Дешков, кој е одговорен за планирањето на воената вежба „Балкански страж 25“, што се одржува на полигонот Корен, во близина на Хасково.
Генералот истакна дека за време на актуелната вежба беспилотните системи се применуваат на сите нивоа на командување. Во моментов, најголем фокус за користење на дронови има во Копнените сили, каде веќе се воведени нови структури за оператори на дронови.
„Веќе имаме значителен број дронови на водско и четно ниво, кои ги користат командирите. За повисоките нивоа, истите се користат од страна на баталјонските команданти“, изјави Дешков. Тој додаде дека во тек е обука за оператори на дронови за извидување и набљудување, а дел од персоналот е испратен и на обука во странство.
Следната фаза, според него, ќе биде опремување на различните родови војска со ударни дронови.
„Не станува збор само за набавка на техника. Најважно е луѓето да знаат за што им се потребни и како правилно да ги користат. Тоа е суштината. Сѐ друго е само алатка“, подвлече Дешков.
Денес, на полигонот Корен се одржа завршниот дел од тактичката вежба со борбени стрелби „Балкански страж 25“. Во вежбата учествуваа единици од Копнените сили на Бугарската армија, заедно со формации од САД, Италија и Романија.