СВЕТ

Бугарската армија би се пополнувала по „швајцарски модел“

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарската армија разгледува можност да го надмине сериозниот недостиг на кадар, како и слабата пополнетост на доброволниот и мобилизацискиот резерв, преку воведување на таканаречениот „швајцарски модел“, јавуваат бугарските медиуми.

Ова го изјави бригадниот генерал Станимир Јорданов од Дирекцијата за операции и подготовка при Генералштабот на одбраната на Бугарија во интервју за БНР. Според него, моментално нема политички консензус за враќање на задолжителниот воен рок кој беше укинат во 2007 година, а бугарската армија нема ниту финансиски капацитет да го реализира тоа.

„Секоја држава има различен пристап за привлекување на луѓе во армијата. Ние ги имаме подготвено опциите и оставаме на државата да реши кога и како да ги примени,“ рече генерал Јорданов. Тој оцени дека „швајцарскиот модел“ е посебно соодветен за помали држави како Бугарија. Овој модел подразбира сите мажи да поминат кратка задолжителна воена обука, а потоа редовно да ја обновуваат преку периодични тренинзи и преквалификации. Жените не се обврзани да служат, но можат да се приклучат доброволно.

Според генерал Јорданов, ваков систем би овозможил создавање подготвен резерв кој може брзо да се активира при потреба.

Сличен модел веќе најави и Хрватска, каде задолжителна основна воена обука од два месеци ќе започне од јануари 2026 година. Наборниците таму ќе добиваат 1.100 евра месечно, а оние кои по етички или религиозни причини одбиваат воена служба ќе бидат вклучени во граѓанска заштита или работа во јавни институции.

Во Бугарија, меѓутоа, состојбата со кадарот во армијата е алармантна. Според најновиот извештај за состојбата на одбраната и вооружените сили на Бугарија за 2024 година, дефицитот на војници достигнува 21,8%, додека доброволниот резерв е пополнет само 16%. Мобилизацискиот резерв, пак, се намалува секој ден.

Воените лица во Бугарија вината ја лоцираат во нискиот интерес за воена служба, демографскиот пад и дезинформациските кампањи како што е стравот дека ќе бидат испратени да се борат во Украина.

И претседателот на Бугарија и врховен командант Румен Радев ја потенцираше сериозноста на ситуацијата на годишната конференција на началникот на одбраната. Тој потсети дека последната генерација регрути е отпуштена во 2007 година и веќе излегува од старосната граница за мобилизација, со што резервот постојано се намалува. Радев смета дека неопходно е воведување почетна воена обука, слично како во Полска, па дури и од училиштата, за да се зајакне одбранбениот капацитет на Бугарија.

Иако Радев постојано ги истакнува проблемите и повикува на патриотско воспитување уште од најрана возраст, досега нема конкретен напредок, а состојбата во бугарската армија, според многумина, станува сè посериозна и понеиздржлива.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени