СВЕТ

Бугарите ќе продолжат да плаќаат една од најниските цени на струја во ЕУ

02 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарските потрошувачи и натаму ќе плаќаат една од најниските цени на електрична енергија во Европската Унија, изјави енергетскиот експерт од Бугарскиот енергетски и рударски форум, Антон Иванов.

Во гостување на БНР, Иванов посочи дека предложеното зголемување на цената на електричната енергија од 4,6% во просек на ниво на целата земја е умерено, со оглед на генералниот раст на цените на пазарот на електрична енергија.

„Цените се умерени за нашиот регион и се меѓу најниските во ЕУ“, истакна Иванов.

Тој нагласи дека годишното поскапување на струјата е двоцифрено и значително поголемо од инфлацијата, а сегашните цени ја одразуваат реалната состојба на пазарот.

Иванов потсети дека неодамна се донесени промени во Законот за енергетика, кои суштински ги менуваат условите за трговија со електрична енергија и на големо и на мало. Според него, се бараат начини да се обезбедат компензации за стопанските потрошувачи.

„Пазарот на големо е целосно либерализиран, но постојат дополнителни регулации. Главното прашање е како да се заштитат домаќинствата и индустријата“, додаде Иванов.

Тој предупреди дека прашањето за енергетски сиромашните граѓани останува отворено и дека ќе биде клучно во сите идни обиди за целосна либерализација на малопродажниот пазар на електрична енергија. Ова, според него, предизвикува диспропорции кои влијаат и врз енергетскиот сектор и врз државниот буџет.

„Не сите имаат потреба од толкава поддршка од државата, каква што сега се дава“, рече Иванов.

Тој додаде дека цената на електричната енергија е често политички инструмент:

„Додека пазарот е регулиран на овој начин, ќе постои постојана борба меѓу политичкиот притисок за одржување на социјалниот мир и пазарните реалности во Европа. Тоа е моменталната состојба“.

Иванов смета дека е неопходно да се воведе механизам за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства, кој би овозможил тарифирање во неколку нивоа. Така би се заштитиле најранливите, додека домаќинствата кои можат да си ги платат сметките би сноселе малку поголем товар.

Слично размислување изрази и Кремен Георгиев, претседател на Асоцијацијата на топлинските претпријатија.

Тој посочи дека цените на парното греење во догледна иднина нема да можат да се ослободат и ќе мора да останат регулирани. Причината, според Георгиев, е што топлинските компании имаат монополска позиција во градовите каде што работат и немаат конкуренција.

„Цените мора да останат регулирани, бидејќи топлинските системи дејствуваат во ограничен регион, без меѓусебна поврзаност преку топлопреносни мрежи“, објасни Георгиев.

Тој додаде дека за да се намалат техничките загуби во системите се потребни големи инвестиции, а признавањето на овие трошоци би овозможило поквалитетни и пообемни ремонти.

„Главната цел на секое топлинско претпријатие е да произведе доволно топлинска енергија, да исплати плати, да изврши ремонти и да ги плати горивата“, потсети Георгиев.

Во однос на израмнувачките сметки, Георгиев беше категоричен дека нема место за драма.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени