02 март 2026
• од Гоце Кически
Министерството за транспорт и врски на Бугарија презеде навремени и координирани активности за обезбедување воздушен транспорт со цел евакуација на бугарските државјани од Блискиот Исток, во контекст на засилените напори за нивно безбедно извлекување од регионот.
Според официјалните информации, уште од 28 февруари 2026 година се одржуваат разговори со раководствата на сите бугарски авиокомпании кои располагаат со авиони или оперираат во регионот. Во рамки на подготовките се анализира расположливиот воздухопловен парк, можностите за обезбедување слотови за полетување и слетување, како и оперативните параметри за евентуалните евакуациски летови.
Активностите се спроведуваат во тесна координација со Министерство за надворешни работи на Бугарија, надлежните национални институции, партнерските земји од регионот и останатите држави членки на Европска Унија. Од Министерството нагласуваат дека водечки приоритет е гарантирањето на безбедноста на бугарските граѓани и создавањето услови за нивно навремено враќање веднаш штом тоа го дозволат безбедносните околности.
Во моментов се обезбедени два авиона од типот Airbus A330 со капацитет од по 327 патници, еден Airbus A321 со 220 седишта, како и до пет авиони Airbus A320 со по 180 места. Доколку се создадат потребните услови за безбедност, овие воздухоплови може да бидат ангажирани во краток рок за извршување на евакуациски мисии.
Покрај тоа, владиниот авион Airbus A319 е ставен во состојба на готовност и може да биде вклучен во операциите доколку се појави потреба.
Бугарските власти одржуваат активна координација со воздухопловните администрации на други земји од Европската Унија, вклучително и размена на информации за планирани евакуации, можности за заеднички летови и меѓусебно користење на расположливите капацитети. Владата порачува дека сите активности ќе се реализираат исклучиво при јасна проценка за безбедност, со цел навремено и сигурно враќање на бугарските државјани во земјата.
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

