28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
По приклучувањето на Бугарија кон Шенген зоната, двата најголеми аеродроми на црноморскиот брег – Варна и Бургас – бележат засилен патнички сообраќај, како кон, така и од Бугарија. Ова го изјавија Деница Милославевич, раководител на одделот за развој на авијациски бизнис во „Фрапорт Бугарија“, и Милена Тодорова, сениор експерт за маркетинг и туризам во истата компанија, во интервју за Money.bg.
Според податоците, операторот на аеродромите инвестира значителни средства во модернизација и развој. „Од почетокот на нашата концесија во 2006 година, ‘Фрапорт’ има инвестирано над 230 милиони евра во двата аеродроми. Оваа година реализираме неколку значајни проекти, од кои најголем е целосната рехабилитација на пистата за слетување и полетување на аеродромот во Бургас, со вредност над 50 милиони евра,“ изјави Милославевич.
Дополнително, во тек се и проекти за реновирање и проширување на гејт-зоните на двата аеродрома, со цел да се подобри туристичкото искуство. „Со овој концепт сакаме да го продолжиме туристичкото доживување уште додека патниците се на самиот аеродром, вклучувајќи мотиви на плажа и море,“ додаде Милославевич.
Други важни инвестиции се изградбата на фотоволтаични централи, со кои ќе се покријат речиси сите потреби за електрична енергија на аеродромите. Вредноста на овие проекти е околу 1 милион евра по аеродром.
Од „Фрапорт Бугарија“ истакнуваат дека еден од приоритетите е привлекување на туристички оператори од Германија, а веќе се бележи сериозен раст на резервациите од овој пазар. „Германскиот пазар бележи значителен раст благодарение на нашите активности и настани кои ги организираме,“ истакна Тодорова.
Шенген зоната, како и воведувањето на еврото, позитивно влијаат врз интересот на туристите, потврдуваат од компанијата.
Голем дел од сообраќајот на аеродромите во Бургас и Варна е туристички, па секое олеснување на патувањата има позитивен ефект. „Намалувањето на времето за патување директно се одразува на растот на сообраќајот. Во споредба со минатата година, бележиме пораст од 12% за двата аеродрома, а очекуваме раст и кај другите наши водечки пазари,“ вели Милославевич.
Германија останува најголем пазар за двата аеродрома, со прогнозиран раст над 60%, додека во јужниот дел на Црноморието, Полска и Обединетото Кралство се меѓу водечките пазари. Позитивни очекувања има и за скандинавските и француските туристи.
Од друга страна, двата аеродрома бележат откажани околу 130 летови од Израел, а загубен е и дел од сообраќајот од Русија, Украина и Белорусија. Сепак, „Фрапорт Бугарија“ е подготвен да опслужи планираните летови во текот на летото, во зависност од геополитичката состојба.
Во летните месеци, особено во јули и август, аеродромот во Бургас има поголем сообраќај, со околу 3.200 движења на авиони, додека во Варна тој број е околу 2.200. Причината за тоа е блискоста до најголемиот бугарски туристички комплекс – Сончев Брег.
Очекувањата за иднината се оптимистички: повеќе патници и нови инвестиции во следните години. Најголем предизвик за двата аеродрома, според „Фрапорт“, останува сезонскиот карактер на туризмот, кој се обидуваат да го продолжат колку што е можно повеќе.