СВЕТ

Бугарија на чекор до укинување на визите за САД

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарија е многу блиску до вклучување во американската програма за патување без виза, изјави министерот за внатрешни работи Даниел Митов за време на официјалната посета на САД. Како што пренесува БГНЕС, ова прашање е врвен приоритет за бугарската влада, која бележи значителен напредок во исполнување на барањата за визна либерализација.

По средбата со заменик-секретарот на американскиот Департмент за внатрешна безбедност, Кристофер Прат, Митов најави дека оваа недела ќе започне нова трилатерална средба меѓу САД, Европската комисија и Бугарија, со цел разгледување на техничките аспекти од процесот. Во декември се очекува и официјална проценка од американската администрација за напредокот на Бугарија.

„Се надевам дека оценката ќе биде позитивна, за конечно да го заокружиме процесот што трае веќе многу години“, истакна Митов, додавајќи дека бугарската страна ги поканила американските партнери да спроведат мисија во Бугарија за проверка на подготвеноста на земјата за вклучување во програмата.

Покрај темата за визите, на средбата се дискутирало и за безбедносната ситуација на двете критични граници – бугарско-турската и американско-мексиканската. Во рамки на посетата, Митов се сретна и со директорот на Бирото за дипломатска безбедност, Тад Остерхоут. Тој порача дека Бугарија, по период на политичка нестабилност, сега има стабилна влада подготвена да ја врати државата меѓу доверливите партнери на САД и ЕУ.

Митов нагласи и целосната посветеност на бугарското Министерство за внатрешни работи во борбата против трговијата со луѓе и нелегалната миграција, како и во идентификацијата и спречувањето на потенцијални закани по безбедноста на граѓаните и дипломатите.

На крајот од посетата, тој упати благодарност до бугарскиот шарже д’ афер во САД, Стефка Јовчева, и до полицискиот аташе во Вашингтон, Ивајло Генков, за успешната организација на посетата.

Во состав на бугарската делегација беа и директорите на трите клучни безбедносни сектори: Главната дирекција за национална полиција (ГДНП), дирекцијата за борба со организиран криминал (ГДБОП) и граничната полиција (ГДГП) – Захари Васков, Бојан Раев и Антон Златанов.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени