27 мај 2025
• од Вардарски
Бугарија е на чекор до влез во еврозоната, откако Европската комисија (ЕК) и Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува следната недела официјално да ја одобрат нејзината кандидатура, објави влијателниот медиум Politico, повикувајќи се на повеќе високи извори.
Долгочекуваниот конвергентен извештај на ЕК и ЕЦБ ќе биде презентиран во среда, на 4 јуни, и според информациите, тој ќе даде зелено светло за воведување на еврото во Бугарија од 1 јануари 2026 година.
„Придружувањето кон еврото ќе го зацврсти суверенитетот на Бугарија — ќе учествуваме во процесот на носење одлуки во рамки на ЕЦБ“, изјавил за Politico Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен вицепремиер.
Иако бугарскиот лев со децении е врзан за еврото, земјата досега немаше збор во одлуките на Европската централна банка. Со влезот во еврозоната, гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) ќе добие официјално место во Управниот совет на ЕЦБ. Сепак, влијанието на Бугарија во одлучувањето ќе биде ограничено, бидејќи нејзиниот бруто домашен производ претставува помалку од 1% од економијата на еврозоната.
Очекувањата се дека усвојувањето на еврото ќе ја олесни трговијата со останатите земји членки на ЕУ, ќе ги намали трошоците за трансакции и ќе ја зајакне економската позиција на Бугарија во рамките на Унијата.
Политички тензии околу еврото
Politico потсетува и на неодамнешното политичко вжештување поврзано со еврото — претседателот Румен Радев повика на одржување национален референдум со цел да се одложи влезот во еврозоната. Предлогот беше отфрлен од претседателката на парламентот Наталија Киселова, а денес (27 мај), Уставниот суд отвори постапка по ова прашање.
Премиерот Росен Жељазков реагираше во вторник: „Нема логика, токму во момент кога нацијата треба да има доверба дека воведувањето на еврото ќе ја засили конкурентноста на нашата економија, да се ширaт стравови и манипулации.“