СВЕТ

Бугарија ќе ги зголеми средствата за одбрана на 5% од БДП

24 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарија планира драстично зголемување на своите одбранбени трошоци, достигнувајќи до 5% од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. Ова го најави министерот за одбрана на земјата, Атанас Запрјанов, во пресрет на самитот на НАТО кој започнува утре во Хага, јавува Бугарското национално радио (БНР).

„Има одлука на Владата со која е определен мандатот за водење на разговорите. Ние го поддржуваме предлогот на американската страна за воени трошоци од 3,5% од БДП за одбранбени капацитети, плус дополнителни 1,5% за инфраструктура и други логистички потреби,“ изјави Запрјанов.

Тој појасни дека оваа амбициозна цел, која првично беше планирана за 2032 година, е преместена за 2035, со цел да се обезбеди стабилна и одржлива имплементација на новата стратегија за одбрана.

Запрјанов додаде дека сè уште се чека официјалната одлука од лидерите на земјите-членки на Алијансата, која се очекува да биде донесена на самитот.

Бугарската делегација на самитот ќе ја предводи премиерот Росен Желјазков. Министерот за одбрана нагласи дека фокусот на состанокот ќе биде ставен на плановите за одбрана и одвраќање, во кои и Бугарија игра активна улога. Земјата, според него, е подготвена да ги засили своите придонеси во рамките на заедничките безбедносни напори на НАТО.

Очекувањата се дека новото зголемување на одбранбениот буџет ќе придонесе за подобрување на капацитетите на бугарската армија, модернизација на техниката и подобра логистичка подготвеност, во согласност со зацртаните цели на Алијансата за зајакната колективна безбедност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени