28 мај 2025
• од Гоце Кически
Европската унија претстави нова стратегија за Црното Море, насочена кон зајакнување на транспортната и безбедносната инфраструктура во регионот, особено во Бугарија и Романија, двете земји-членки на ЕУ што имаат излез на ова стратешко море.
„Безбедноста во Црното Море е клучна за целата европска безбедност,“ изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каиа Калас. Таа додаде дека регионот е директно засегнат од руската инвазија врз Украина и хибридните напади врз поморската инфраструктура.
Бугарија и Романија ќе бидат централни во плановите на ЕУ за модернизација на регионалната инфраструктура – пристаништа, железници и аеродроми – со цел да се овозможи транспорт на тешка воена опрема и побрзо распоредување на трупи кога е потребно. Ова ќе го зајакне одвраќањето од евентуални закани од Москва, особено во источниот дел на континентот.
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, нагласи дека Црното Море е клучна врска кон Јужен Кавказ и Централна Азија, и има витално значење за трговијата со енергија и храна. Новата стратегија ќе се справи со „геополитичките предизвици“ во време кога глобалната зависност станува средство за притисок, посочи Кос.
Како дел од новата стратегија, ЕУ ќе основа Центар за поморска безбедност во Црното Море, кој ќе служи како систем за рано предупредување и ќе ја следи состојбата со клучната инфраструктура. Засега не е одлучено каде ќе биде сместен центарот и колку ќе чини неговото формирање.
Покрај безбедносните аспекти, стратегијата опфаќа и зголемен надзор на странските инвестиции во пристаништа и клучни објекти во регионот, со цел заштита од потенцијални ризици.
На економски план, ЕУ ќе инвестира во нови енергетски коридори, транспортни врски и дигитална инфраструктура со партнери во регионот. Ќе се поддржат и крајбрежните заедници во Бугарија и Романија за справување со воени и еколошки предизвици, како и адаптација кон климатските промени.
Европската комисија нагласи дека стратешки партнери во оваа иницијатива се и Украина, Молдавија, Грузија, Турција, Ерменија и Азербејџан.
Со оваа стратегија, ЕУ се обидува да изгради стабилност и одвратување на руските влијанија во Црното Море, при што Бугарија и Романија ќе играат клучна улога во обезбедувањето на источниот фронт на Унијата.