12 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарските воздухопловни сили сè уште не се целосно подготвени за вклучување на американските ловци F-16 во мисиите за воздушен надзор (Air Policing), изјави началникот на одбраната, адмирал Емил Евтимов. Тој не се обврза со конкретен рок кога F-16 ќе бидат оперативни, иако постоеле претходни тврдења дека до една година тоа ќе биде возможно.
„Нашата цел е реализација на целосните капацитети на F-16“, рече Евтимов, додавајќи дека се работи „по многу правци“. Тој не откри колку пилоти веќе се обучени за лет со F-16, но планот предвидува по двајца пилоти на секој од 16-те F-16 Block 70 кои Бугарија ги набавува.
Што се однесува до вооружувањето на авионите, адмиралот призна дека тоа е „процес во време“. На прашање дали имаат доволно ракети и муниција, тој посочи дека само една противбродска ракета чини околу 4 милиони евра, што го прави нереално од старт да се имаат 30-40 такви ракети. Според него, дополнителните средства за муниција и оружје за модерните системи како F-16 допрва ќе се бараат.
Недостатокот на вооружување на F-16 е тема која често предизвикува дебати во Бугарија. Адмиралот додаде дека НАТО веројатно ќе постави нова долна граница за одбранбените трошоци – 3,5% од БДП.
Во делот за модерна технологија, Евтимов потврди дека бугарската армија има „многу дронови“, но само извидувачки, без ударни беспилотни летала. За споредба, Украина најави производство на 5 милиони дронови оваа година, главно ударни и камикази, а Русија произведува по 5000 „Шахед“ месечно.
Евтимов ја посочи Турција како силен регионален воен фактор, велејќи дека соработката со Анкара е стратешка и дека „заедно можеме повеќе“. Тој ја пофали турската индустрија за дронови, каде што компании како Baykar се светски лидери – достигнување кое Бугарија засега не може да го достигне.