24 март 2026
• од Гоце Кически
Заменик-претседателот на Владата, Bekim Sali, порача дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата и процес кој нема враќање назад. Изјавата беше дадена на церемонијата за доделување грантови наменети за зајакнување на јавниот ангажман и комуникацијата.
„Повторно потенциравме дека интеграцијата во Европската Унија е наш приоритет и неповратен правец. Сега влегуваме во одлучувачка фаза – каде што фокусот е ставен на конкретни резултати, спроведување на реформите и директно подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакна Сали.
Тој нагласи дека граѓаните се во центарот на процесот на европска интеграција, преку транспарентност, отворена комуникација и активно учество во реформските процеси што ги спроведуваат институциите.
Во своето обраќање, Сали им честиташе на организациите добитници на грантовите, оценувајќи дека нивната улога е клучна за градење подоверлив и поинклузивен процес.
„Заедно создаваме процес кој е поблиску до граѓаните, поверодостоен и поинклузивен“, заклучи тој.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

