04 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Австрија објави дека ја извршила првата депортација на сириски државјанин назад во Сирија по речиси 15 години — чекор со кој станува првата држава во Европската Унија што презема ваква мерка од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, јавува „Ројтерс“.
„Сириски криминалец беше депортиран од Австрија во Сирија, конкретно во Дамаск“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер пред новинарите во четвртокот. Според него, лицето било осудено во 2018 година на седум години затвор за ненаведено кривично дело и му бил одземен статусот на бегалец.
Неговиот правен застапник, Руксандра Стаику, одби да го открие природата на делото, но потврди дека клиентот има 32 години.
Карнер потенцираше дека депортацијата е „важен сигнал“ кој ја покажува строгата, но праведна политика на Австрија во однос на азилот и безбедноста. „Оние што ги загрозуваат другите — криминалците — ќе бидат отстранети од земјата“, изјави тој, додавајќи дека „следат и нови депортации кон Сирија и Авганистан“.
Меѓутоа, организации за човекови права го осудија ваквото решение. Според нив, тоа е пребрз чекор што го става во опасност животот на вратените лица и може да создаде опасен преседан за други земји од ЕУ. „Нема сигурни информации како сирискиот режим ќе се однесува кон вратените. Во оваа нестабилна ситуација е неодговорно да се депортира само поради ПР-мотиви“, изјави адвокатот Лукас Гахлајтнер-Герц, портпарол на координациската платформа на австриските невладини организации за азил.
Од 2015 година, Сиријците претставуваат најголема група на баратели на азил во Австрија. Австриското законодавство дозволува одземање на статусот на бегалец во рок од пет години по неговото доделување, доколку постојат основани причини.
Оваа одлука доаѓа во контекст на растечки антиимигрантски чувства во земјата и настојувањето на владината коалиција, предводена од Австриската народна партија, да ја намали поддршката за крајнодесничарската Партија на слободата, која победи на последните парламентарни избори во септември.
И покрај меѓународните предупредувања, Карнер јасно стави до знаење дека Виена ќе продолжи со присилните враќања — вклучително и кон Сирија и Авганистан.