04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Косово, Албин Курти, заедно со претседателката Вјоса Османи, денес ги посети припадниците на Косовските безбедносни сили (КБС), како и американските и останатите меѓународни трупи кои учествуваат во големата воена вежба „Defender Europe 2025“. Притоа, Курти изјави дека „Косово никогаш не било посилно и побезбедно“.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Курти ја истакна важноста на учеството на КБС во оваа вежба, потенцирајќи дека првпат Косовските безбедносни сили се домаќини на голема НАТО воена вежба, рамо до рамо со армиите на земјите-членки на Алијансата.
„Оваа година, за време на вежбата, Командата на 28-та дивизија на американската армија беше стационирана на воениот аеродром во близина на Ѓаковица. Заедно не сме само силни, туку многу посилни“, истакна Курти.
Тој додаде дека партнерството со НАТО е не само од значење за безбедноста и стабилноста на Косово, туку претставува и вреден придонес за поширокиот регион. Според Курти, ангажманот на КБС во меѓународните активности ја зацврстува улогата на Косово како сигурен партнер на западните демократии.
„Горд сум што нашите војници покажуваат одлучност и професионалност, и што Косово може уверено да ја потврди својата определба кон евроатлантската иднина“, заклучи косовскиот премиер.