8 Мај Денот на победата над фашизмот во Европа: Бугарија ја ослободи Македонија – време е да ја признаеме вистината
Денеска, Северна Македонија и целиот демократски свет го одбележуваат Денот на победата над нацистичка Германија. Сојузничките сили, предводени од Соединетите Американски Држави и другите западни демократии, ја завршија една од најмрачните епохи во модерната историја, спасувајќи го човештвото од фашистичкиот режим кој носеше со себе војна, геноцид и уништување.
Во контекстот на оваа историска пресвртница, важно е да се потсетиме дека Македонија беше ослободена од нацистичката окупација од Бугариjа и бугарската армија, која по промена на страната во 1944 година, дејствуваше заедно со сојузничките сили против нацистичка Германија. Тоа ослободување беше значаен момент за регионот, дел од поширокото сојузничко настојување за слом на нацистичката воена машинерија.
Сепак, додека Западна Европа чекореше кон слобода и просперитет, друг дел од континентот западна под нова, не помалку опасна сенка – комунизмот. Источна и Централна Европа беа оградени зад т.н. „Железна завеса“, и потонаа во децении на репресија, тајна полиција, политички прогон, цензура и економска стагнација.
Во поранешна Југославија, режимот на Јосип Броз Тито претставуваше форма на авторитарна диктатура која, и покрај повремената самостојност од Москва, ги применуваше истите методи на контрола, репресија и политичко насилство. Илјадници граѓани беа затворани, егзекутирани или протерани без судење – особено на Голи Оток, симбол на титовскиот терор. Режимот заврши со крвав распад и низа геноциди во 1990-тите, што уште еднаш го потврди историскиот неуспех на комунизмот како идеологија и систем.
Додека се потсетуваме на храброста и жртвата на оние кои се бореа за слободата, не смееме да ги заборавиме милионите кои останаа заробени во новите диктатури, под маската на „народна власт“. Победата над злото мора да биде комплетна – а тоа значи и борба против секоја форма на тоталитаризам, тогаш и сега.