26 мај 2025
• од Вардарски
Фудбалскиот клуб Шкендија од Арачиново се врати во Втората македонска лига, откако во драматичен бараж натпревар во Кавадарци ја совлада екипата на Осогово од Кочани со резултат 2:1.
Натпреварот се одигра во напната атмосфера, со присуство на околу 2.000 гледачи — околу 1.200 поддржувачи на Шкендија и 800 на Осогово. На трибините беа забележани етнички тензии и навреди, што доведе до прекин на натпреварот од 15 минути кон крајот на првото полувреме. Интервенираше полицијата, а капитените на двете екипи заеднички ги смируваа навивачите и повикаа на фер и спортско навивање.
По рестартот на играта, Шкендија успеа повторно да поведе и го задржа водството до крајот на натпреварот, осигурувајќи си историско враќање во Втората лига.
Во другите бараж натпревари, Тетекс од Тетово обезбеди пласман по изведување на пенали против Големи Конари (5:3), откако регуларниот дел заврши без победник. Убедлива беше и Слога од Виница, која со 3:0 ја совлада екипата на Преспа од Ресен.
Со тоа, Шкендија Арачиново, Тетекс и Слога Виница се новите три членови на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници