02 јуни 2025
• од Гоце Кически
Победникот на најголемото европско клупско натпреварување стигна во Париз во неделата попладне и се упати кон најпознатата париска авенија, Шанзелизе, која во саботата навечер беше сцена на насилство и судири со полицијата.
Францускиот претседател Емануел Макрон го пречека тимот на Пари Сен Жермен во Елисејската палата во неделата за да го прослават историското освојување на Лигата на шампионите.
Пред да се сретнат со Макрон, тимот на ПСЖ мина низ Шанзелизе во автобус со отворен покрив, поздравувајќи ги навивачите.
ПСЖ го совлада италијанскиот Интер со 5-0 во финалето на турнирот, кое се одигра во Минхен.
Ова беше прв пат ПСЖ да ја освои титулата, откако во својот прв обид во 2020 година загуби од Баерн Минхен.
Француските власти соопштија дека две лица загинаа за време на прославите ширум земјата по победата на тимот.
Седумнаесетгодишно момче беше избодено до смрт во градот Дакс за време на улична забава на ПСЖ, според националната полиција.
Друго лице загина во Париз кога неговиот скутер бил удрен од автомобил за време на прославата на ПСЖ, соопштија од кабинетот на министерот за внатрешни работи. Се водат истраги за околностите на двата случаи.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 18 полицајци биле повредени во Париз, а стотици лица се уапсени.
Макрон ја осуди „неприфатливата“ насилна ескалација која се случила за време на прославата по победата на ПСЖ, додека ги поздравуваше шампионите во Елисејската палата.
„Ништо не може да го оправда она што се случи во последните часови, насилните судири се неприфатливи“, рече Макрон пред да го честита тимот.