31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра својот последен натпревар од квалификацискиот циклус во вторник, на гостувањето кај Република Ирска во Даблин, но со значително изменет состав и без неколку клучни фудбалери.
По убедливиот пораз од Данска (4:0) на „Паркен стадионот“ во Копенхаген, со кој избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги загубија шансите за пласман на Светското првенство, дуелот во Даблин ќе има ревијален карактер, без резултатски императив.
Сепак, и покрај тоа што натпреварот нема натпреварувачка тежина, ќе послужи како можност за тестирање на нови имиња и давање шанса на фудбалери со помала минутажа во досегашниот дел од циклусот.
Она што е веќе сигурно е дека Македонија ќе настапи без неколку стандардни првотимци. Поради договори со клубовите и превенција од дополнителен замор или евентуални повреди, од составот отпаднаа Елиф Елмас (Наполи), капитенот Енис Барди (Коњаспор) и Бојан Миовски (Ренџерс).
Дополнително, не е исклучено уште неколкумина фудбалери кои беа дел од составот за натпреварот во Копенхаген да не отпатуваат за Ирска, со оглед на тоа што клубовите инсистираат нивните играчи да добијат одмор пред клупските обврски.
Последниот збор околу конечниот список на патници ќе го има селекторот Седлоски, кој во текот на денот треба да ја донесе финалната одлука. Очекувањата се дека тој ќе повика неколку нови имиња, со цел да се пополни ростерот и да се тестираат потенцијални решенија за идните предизвици.
Натпреварот во Даблин, иако без резултатско значење, ќе биде добра можност за анализа, ротација и поставување темели за следниот квалификациски циклус.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

