21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот младински ансамбл во ритмичка гимнастика го освои златниот медал и титулата апсолутен светски шампион на Светското првенство што се одржа во Софија.
Тимот, предводен од тренерките Кристина Илиева и Жанина Иванова, беше составен од Раја Божилова, Јоана Мотева, Ананија Димитрова, Габриела Трајкова, Ивајла Велковска и Елена Христова. Девојките постигнаа оцена од 24,500 за изведбата со пет обрча и 25,400 поенa за композицијата со пет пара палки, што им донесе вкупен резултат од 49,900 поени.
Во првата рунда со пет обрча, бугарскиот тим имаше мала неточност, поради што нивната почетна оцена од 24,900 по жалба беше намалена на 24,500 – нешто што ретко се случува. Сепак, тоа не ги поколеба младите гимнастичарки, кои ја одиграа својата втора, многу покомплексна вежба со голема прецизност, добивајќи висока оцена од 25,400.
На второто место во вкупниот пласман се пласира Бразил со резултат од 48,900 (23,800 и 25,100), додека третото место ѝ припадна на Украина со 48,400 поени (24,000 и 24,400).
Во тимската конкуренција, Бугарија повторно е прва, освојувајќи ја и светската титула за екипни настапи – по втор пат по ред.
Во индивидуалните натпревари Бугарија беше претставена од Магдалена Вълкова, Алекса Рашева и Анастасия Калева.
Овој голем успех е уште еден доказ за силната традиција и високото ниво на бугарската ритмичка гимнастика.