Бугарин надскокна 150-килограмски џин – Карлос Насар освои медал и меѓу најтешките!
Европа стоеше во неверување – Карлос Насар, само 20-годишен атлет од Бугарија, направи нешто што ќе се прераскажува со години! На Европското првенство во дигање тегови во Кишињев, тој не само што ја освои златната медала во категоријата до 96 кг, туку успеа да го надмине и еден од најсилните и најтешки дигачи на целиот континент – тежок над 150 килограми!
Да, добро прочитавте – Насар “освои” медал и меѓу најтешките, иако е повеќе од 50 килограми полесен од нив! Со фантастичен двобој од 417 килограми, тој беше втор најсилен дигач на целото првенство, надминувајќи ги и сребрениот и бронзениот медалист од супертешката категорија! 🥈🔥
Само еден човек беше пред него – арменецот Вараздат Лалајан со 450 кг. Но тој тежи 152 кг! Споредбено, Насар покажа не само сила, туку и величествена техника, моќ и срце што не познава граници.
И тоа не е се – Насар постави нови светски рекорди, ја освои својата третa последователна европска титула, и ја донесе Бугарија на врвот – со најмногу освоени медали на целото првенство!
💬 Ова не е само победа – ова е спортска сензација! Карлос Насар не е само шампион – тој е сила на природата, пример за генерациите, и вистински херој од Балканот!