06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, не го криеше задоволството по победата на неговиот тим во дербито против Вардар, одиграно денеска во Скопје. Триумфот за тетовскиот клуб претставува уште еден значаен чекор во борбата за врвот на табелата во домашното првенство.
Беќири истакна дека неговиот тим влегол во натпреварот со јасна цел – победа, и дека резултатот не го изненадил. Според него, играчите биле максимално фокусирани и подготвени да го исполнат тоа што било планирано пред мечот.
„Нормално го гледав како натпревар во кој моравме да победиме. Дојдовме да победиме и победивме. Не сум изненаден од победата бидејќи, да бидам искрен, ја очекував. Се подготвувавме за неа, ја сакавме и сакам да им честитам на играчите за нивната посветеност“, изјави Беќири.
Тој посочи и дека тимот имал значително пократко време за подготовка во споредба со противникот, но и покрај тоа успеал да одигра на високо ниво и да стигне до нови три бода.
„За разлика од противникот, имавме само два дена да се подготвиме за натпреварот. Сепак, играчите покажаа карактер и дисциплина“, додаде тренерот на Шкендија.
Беќири нагласи дека е задоволен од серијата победи во првенството, но потенцира дека вистинската цел сè уште не е постигната, бидејќи неговиот тим моментално се наоѓа на второто место на табелата.
„Задоволен сум од серијата победи, но сè уште не сум задоволен додека тимот е на второто место. Додека не дојдеме до првото место, мора да стоиме цврсто на земја и максимално да се посветиме на секој натпревар“, рече Беќири.
Тој на крајот испрати и силна порака за квалитетот на неговиот тим, нагласувајќи дека Шкендија мора тоа да го потврди и на табелата.
„Дури и птиците во Македонија знаат кој тим е најдобар, но ние мора да го материјализираме тоа на табелата“, заклучи Беќири.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

