12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Вчерашната одлука на Уставниот суд претставува уште еден дополнителен доказ, по многуте слични случаи на етничко прегласување и неправедни одлуки донесени според личната волја на мнозинството македонски судии. Според Алијансата за Албанците (АШ), ваквите одлуки доведуваат до мајоризација на Албанците и на сите други етнички заедници во државата.
Од партијата оценуваат дека овој случај уште еднаш ја потврдува итната потреба од воведување на Бадентеровиот принцип при гласањето во Уставниот суд. Според нив, овој механизам треба да се применува за законите што се донесуваат со Бадентерово мнозинство во Собранието, како и за други закони и одредби кои директно ги засегаат правата и еднаквоста на етничките заедници во земјата.
Алијансата за Албанците и нејзиниот претседател Зијадин Села, како први што ја покренаа оваа тема во јавноста, ги повикаа сите албански политички субјекти итно да преземат конкретни чекори за воспоставување на овој важен механизам. Според нив, Бадентеровиот принцип е клучен за заштита на уставните права на Албанците, кои, како што велат, се доведени во прашање од највисоката уставна институција, од каде што подоцна не постојат други правни механизми за жалба или за поништување на одлуките.
Од партијата исто така остро ги осудија и изјавите на претседателот на Уставниот суд поврзани со употребата на албанскиот јазик и правата на граѓаните кои, според нив, се нарушуваат со проектот „Safe City“. Тие оценија дека ваквите изјави повеќе звучат како лични ставови, отколку како уставни и правни толкувања.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

