22 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Седумдесетгодишна жена од струшкото село Мислодежда го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне во Струга.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 февруари 2026 година околу 16:30 часот. Инцидентот се случил на улицата „Струшки Кепенци“, каде што товарно возило од марката „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во пешакот И.И. (70).
По несреќата, повредената жена итно била пренесена во Медицинскиот центар во Струга за укажување лекарска помош. И покрај напорите на медицинскиот персонал, таа подоцна им подлегнала на здобиените повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Струга, која ги документирала околностите под кои се случила несреќата. Неколку часа подоцна, во 21:40 часот, полициските службеници го лишиле од слобода возачот Н.О.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со трагичниот настан.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

