30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска информираше дека е завршена истражната постапка за трагичниот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Со завршувањето на овој дел од постапката, течат законските рокови во кои одбраната има можност да изврши увид во доказите и да предложи свои докази пред донесување на обвинителска одлука.
Во рамки на истрагата, обвинителството собра обемен доказен материјал. Прибрани се материјални докази и документација од местото на несреќата и други локации, а извршени се и над 400 распити на сведоци и оштетени, како и испитувања на сите осомничени. Врз основа на наредби на јавните обвинители, истражителите обезбедиле детални обдукциски вештачења за причините за смртта на загинатите, како и за повредите на преживеаните. Дополнително, изготвени се градежни, хемиски и графолошки вештачења за испитување на безбедносните стандарди, причините и ширењето на пожарот, како и автентичноста на документацијата на клубот.
Посебно внимание било посветено на анализата на електронски уреди (компјутери и мобилни телефони), од кои се извлечени податоци што биле вкрстени со другите информации добиени во текот на истрагата. Исто така, по насока на јавен обвинител, Управата за финансиска полиција вршела проверки поврзани со работењето на клубот.
Со истрагата се опфатени 46 лица, осомничени за тешки дела против општата сигурност согласно член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Дополнително, одделни делови од доказите кои се однесуваат на постапувањето на полициските службеници се предадени на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Таму, веќе се води истрага против 14 припадници на полицијата.
Обвинителството најави дека истрагата поврзана со евентуални пропусти на полициските структури ќе продолжи и понатаму, со цел целосно разјаснување на сите околности и утврдување на индивидуална одговорност. Крајната јавнообвинителска одлука за секој од осомничените ќе биде донесена врз основа на анализата на сите прибрани докази.
Воедно, обвинителството остава можност за проширување на постапката, доколку се појават нови докази кои упатуваат на кривична одговорност кај други лица кои досега не биле опфатени со истрагата.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници