27 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
На 26 февруари 2026 година во СВР Скопје бил пријавен инцидент со заталкан куршум во скопското село Долно Лисиче.
Според информациите од полицијата, Д.А. од село Долно Лисиче пријавил дека додека седел во дворот од својата куќа, слушнал истрел. Набргу потоа забележал дека стаклото од балконот е оштетено, а при проверка пронашол зрно од огнено оружје кое го предизвикало оштетувањето.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид на местото на настанот, при што пронајденото зрно било подигнато за понатамошна постапка и вештачење.
Надлежните институции работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои бил испукан куршумот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

